Плуговите од типот 755 се најзастапените плугови во Македонија и се плугови кои ги користат помали трактори со моќност од 30 до 50 КС (ИМТ 533, ИМТ 539, ИМТ 542, ИМТ 549 итн). Кај овој тип на плугови постои низок и висок клиренс. Кај нискиот клиренс, висината од врвот на ралникот до рамот на плугот е 56 cm, а кај високиот клиренс висината е 63 cm. Плугот има работна зафатнина од 10“ (инчи), т.е. 2 * 25 cm = 50 cm или  3 * 25 cm = 75 cm.

Плуговите од типот 756 се за трактори со средна снага од 45 до 70 КС (ИМТ 558, Раковица 60 / 65 итн). Клиренсот е исти како кај тип 755, т.е. низок клиренс од 56 cm и висок клиренс од 63 cm. Разликата е во работната зафатнина. Плуговите од тип 756 имаат работна зафатнина од 12 “ (инчи), т.е. 2 * 30 cm = 60 cm или 3 * 30 cm = 90 cm.

Плуговите од типот 757 се за трактори кои се помоќни од вообичаените кои се среќаваат во Македонија. Потребната моќност е од 60 до 80 КС. Имаат работна зафатнина од 14” (инчи), т.е. 2 * 35 cm = 70 cm или 3 * 35 cm = 105 cm. Клиренсот е 72 cm.

МОДЕЛ Двобразден плуг 755.2 Тробразден плуг 755.3 Двобразден плуг 756.2 Тробразден плуг 756.3 Двобразден плуг 757.2 Тробразден плуг 757.3
Работна зафатнина (cm) 50 75 60 90 70 105
Работна длабочина (cm) 35 35 35 35 35 35
Потребна моќност (КС) 35 – 45 50 – 60 45 – 55 60 – 70 55 – 65 над 75