ПОСВЕТЕН И ПРОСПЕРИТЕТЕН ТРАКТОРСКИ БРЕНД

ArmaTrac е извозен бренд на Erkunt Tractor Ind. Inc., Турски производител на трактори кој произведува високо квалитетни трактори уште од 2003 година. Тракторите ArmaTrac моментално се произведуваат со мотори Perkins (Англија), Deutz (Германија) и менувачи од ZF (Германија) и  Carraro (Италија).

ArmaTrac е единствениот автомобилски бренд кој е основан со помош Државната Развојна Програма за Турски бренд TURQUALITY®, и единствениот бренд кој ја носи Ознаката за Квалитет TURQUM®. Тракторите ArmaTrac се многу познати по одличната искористеност на гориво, високите перформанси и издржливоста.

Тракторите ArmaTrac можете да ги купите во 24 земји насекаде низ светот – број кој брзо и постојано расте поради високите барања на земјоделците.

 

ПАСИЈА ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ

Нашите Стандарди за Квалитет

За нас, квалитетот започнува на таблата за цртање и продолжува преку секоја етапа од процесот на производство, од набавките на материјали до производството и тестирањето. Нашите најстроги стандарди гарантираат производството и испораката на нашите производи без компромис.

Иновација: Дизајнирана, спроведена и произведена со едноставност и ефикасност во мислите, нашата целосна организација е фокусирана да го олесниме животот на нашите земјоделци. Постојана анализа на потребите на клиентите и повратните информации ни помагаат да ги подобриме нашите трактори за да им овозможиме на нашите клиенти карак-теристична предност, особено ние обезбедуваме до 30% поекономична искористеност на горивото споредено со нашата конкуренција.

Сигурност: Нашите трактори се тестирани и во симулирани услови и во реални услови во полињата со особено внимание на сите детали. Дури после сите тестови дозволуваме нашите трактори да ја напуштат фабриката, уверени дека без оглед низ што Вашиот трактор поминува, ден по ден, година по година, тој ќе работи според највисоките стандарди што ги очекувате.

Поддршка: Квалитетот на нашите производи единствено може да се спореди со исклучителната поддршка од нашите специјалисти, кои го прават тоа свој бизнис за да ви помогнат на било кој начин. Можете да бидете сигурни на одржливоста на нашата дистрибуциона мрежа, како и на нашата посветена фамилија од инжинери и тимот за Поддршка по продажба.

Посветеност: Целосно сме посветени да ги исполниме Вашите очекувања со производството на ефикасни, сигурни и високо квалитетни производи кои се поддржани од најдобриот сервис.

Erkunt Tractor Ind. Inc. и тракторите ArmaTrac ги исполнуваат следните стандради за квалитет: ISO 9001 – Quality Management System Certificate, ISO 14001 Environmental Management System Certificate, ISG-OHSAS 18001 Occupational Health and Safety Management System Certificate, ISO 10002 Customer Satisfaction and Complaint Management Standards Certification, European Union Homologation Report за секој модел на трактор. Нашата основна цел во Erkunt Tractor Ind. Inc. е да ги усовршиме нашите трактори според постојано – променливите потреби на земјоделците. За да ја исполниме оваа мисија, ги спроведуваме нашите постојани истражувачки и развојни проекти претежно базирано врз повратните информации кои што ги добиваме од нашите клиенти.